11 медали за охридските карате мајстори од „Шидокан“

Освен со големиот број на освоени медали, тие можат да се пофалат и дека во нивните редови го имаат светскиот првак во кати во јуниорска конкуренција.

 |  Мишел Наумоски  | 
karatisti
каратисти

Високи почести и огромен успех на карате мајсторите од охридскиот карате-до клуб „Шидокан“.

ShidokanОвие супер-талентирани момци буквално собраа повеќе од половината медали доделени на светското првенство во карате на интернационалната јапонска карате асоцијација. На ова првенство кое се одржуваше во соседна Бугарија од 18 до 21 јули, нашите момци беа вистински хит.

„Напорно се подготвувавме за ова првенство, темелно се подготвивме, очекувавме 5-6 медали, но ете децата од клубот ги надминаа очекувањата и успеавме да освоиме 11 медали. Еден светски шампион, три вицешампиони и седум бронзени медали.“-рече сенсеи Глигор Глигороски, инструктор во карате-до клубот „Шидокан“

Момците од „Шидокан“ можат да се пофалат дека во нивните редови го имаат светскиот шампион во јуниорска конкуренција до 18 години во изведување на ИЈКА кати.

sensei Gligoroski„Имаше доста голема конкуренција. И покрај тоа успеав да постигнам успех, станав светски шампион во ИЈКА кати и успеав да донесам бронзен медал во борби. Успехот што го постигнавме таму како тим е огромен па и задоволството е доста големо, но лично мене ова ми даде многу голема мотивација да вежбам уште посилно, понапорно, за следниот пат резултатите да бидат уште подобри затоа што секогаш може да биде подобро.“-вели каратистот Александар Димоски.

Со две бронзени медали, и во кати и во борби, се закити и нашиот борец, Наум Калачоски и тоа во најтешката, сениорска конкуренција. Тој вели дека сиот овој успех се должи на нивните тренинзи.

sv. prvenstvo karate„Ние во нашиов клуб тренираме стандардно нон-стоп. Последните неколку месеци имавме и повеќе тренинзи, си надоврзувавме и плус денови со тренинг, дадовме напор, и нашите тренери дадоа силен напор, да ни го пренесат своето знаење. Покажавме таму што научивме и резултатот сам си дојде по себе.“-изјави каратистот Наум Калачоски.

Покрај Наум и Александар, со медали од Бугарија се вратија и Наум Мишески во конкуренција на Јуниори до 18 години, Јована Стојаноска во конкуренција на кадети до 15 години, Климент Калачоски во мини кадети до 13 години, Кристијан Ангелоски во јуниори до 18 години и Крсте Ѓорчески во мини кадети до 13 години.

Само за да се добие претстава за големината на нивниот успех, уште информацијата дека на ова светско првенство учество зеле карате клубови од 17 држави, со преку 300 учесници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top