Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ.
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ.
– 11 Октомври е темелник на вековните определби на македонскиот народ за слободна и самостојна држава. Прославувајќи го овој ден ние оддаваме почит на сите борци кои со својот живот се вградиле во темелите на нашата татковина. Благодарение на нивното големо дело, храброст и пожртвуваност денеска живееме во демократска , независна и просперитетна држава. Наша должност е да ја сакаме, чуваме и унапредуваме за да им ја предадеме на поколенијата. Со меѓусебна доверба и почитување на различностите ја надградуваме нашава земја како заеднички дом за сите нас и успешно чекориме кон вклучување во европското семејство. Слободата човечноста и правдата се вредностите кои не движат и како поединци и како општество, само со нив продолжуваме да градиме демократска, просперитетна и европска држава – стои во честитката на градоначалникот Константин Георгиески по повод 11 Октомври, денот на народноослободителното востание.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град