Обновено: До 17:00 часот во Охрид процентот на излезност е 41,70%

Според последните податоци од Државната изборна комисија до 17:00 часот во Охрид процентот на излезност е 41,70, односно гласот го дале 21.910 охриѓани

 |   | 

Според последните податоци од Државната изборна комисија до 17:00 часот во Охрид процентот на излезност е 41,70, односно гласот го дале 21.910 охриѓани.Ова се бројки од обработени податоци од сите 89 избирачки места.

Од ОИК велат дека изборниот процес тече во најдобар ред, во мирна, фер и демократска атмосфера, граѓаните се придржуваат до здравствените протоколи, носат маска, држат дистанца.Во петтата изборна единица во која спаѓа Охрид има 706 избирачки места. Од обработени податоци од 702 гласачки места до 17:00 часот гласале 120.278 или 38,25%.

На државно ниво процентот на излезност е 38,78%, од обработени податоци од 3.459 од вкупно 3.480 гласачки места.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top