Започна реконструкцијатат на отворениот базен кој се наоѓа во рамките на ЈП Билјанини Извори. По десет години негрижа и негово пропаѓање Локалната самоуправа сега ќе го рестартира. Од околниот простор и од базенот биле подигнати неколку камиони отпад, а се очекува пристигање на филтер станицата и негвото пушѕање во употреба до крајот на јуни најавува Гордана Јованоска, директор на ЈП кое ќе стопанисува со објектот.„Старата опрема се отстрани,
дното има оштетувања заради долгогодишното некористење, потребно е заварување по што ќе отпочне монтирањето на филтер станицата која се очекува да пристигне. Реконструкцијата на големиот базен ќе чини 100.000 евра“.
На последната седница советот го усвои и Деталниот урбанистички план со кој се предвидува покрај Олимпискиот отворен базен да се изгради и базен од затворен вид. Тоа би значело заживување на неколку спортови на вода и рекреација на охриѓани во текот на зимските месеци. Но, засега не се знае кога ќе почне да се гради. Затворен базен е капитална инвестиција која ја ветуваше сегашнава Влада, но какопроект не го реализиараа, истакнува Јованоска.
Реконструкцијата на малиот отворен базен ќе почека и не се планира засега, вели Јованоска. Тоа се должи на нерешените имотни состојби бидејќи базенот пред десетина години е отстапен на стопанисување на угостителски објект.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град