Заплена на 100 кг марихуана е резултат на акцијата која денеска во раните утрински часови ја реализираа полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија, Регионалнен центар за гранични работи Запад при Бирото за Јавна безбедност во координација со Основното јавно обвинителство Струга.

„ Акцијата како резултат на претходно преземени мерки и активности реализирана на регионалниот пат Струга -Охрид во близина на месноста викана ,, Рампа,, кај Струга. Во пловен објект на брегот на езерото полициските службеници пронајдоа седум торбици со поголема количина на спакувана марихуана со тежина од над 100 килограми.Од страна на увидна екипа извршен е увид на лице место , а по собирање на доказниот материјал во координација и по насоки на ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ,, Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги , психотропни супстанци и прекурсорси,, по член 215 од Кривичниот Законик Република Северна Македонија.“ – информира портпаролот на СВР Охрид , Стефан Димовски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град