10-ти и 11-ти ноември ЕХО Фестивал на планински филм

На 10-ти и 11-ти ноември, во просториите на Планинската Спасителна служба при Црвен крст Охрид ќе биде емитувана филмска програма.

 |   | 

На 10-ти и 11-ти ноември, во просториите на Планинската Спасителна служба при Црвен крст Охрид ќе биде емитувана филмска програма.

За сите Охриѓани и други сограѓани од близината – како што најавивме, го посетуваме Охрид на 10 и 11 ноември и си стоиме на зборот, велат организаторите.

Настанот е во организација на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид и Културолошка иницијатива 5 до 12.

Програмата ќе биде со селекција од победничките филмови на ЕХО, а зачинета со 4 презентации или поточно:

Патувачко кино на ЕХО Фестивал на планински филм

10/11 ноември – Охрид, Центар на ПСС Охрид
10 ноември (среда)
18:00 „Ерик Ескофие, страст за живот“, Гаучи Северин/Бертранд Делапјер, Франција, 2020, 52’
18:52 „Матерхорн – Лавовскиот гребен“, Алесандро Белтраме/Ерве Бармас, Италија, 2021, 35’
19:45 Презентација на Културолошка иницијатива 5 до 12: “Со културна револуција до еволуција“
20:15 Презентација на Дејан Ангелоски: „Од Шара до Пиринеи“
21:00 „Со Господ напред, Полјаци“, Адам Нерот, САД, 2020, 88’
***
11 ноември (четврток)
18:00 „Песни на Духовите од водата“, Николо Бонџорно, Италија, 2020, 100’
20:00 Презентација на ПСС Охрид: „Нашите активности“
20:30 Презентација на Игор Талевски: „Ултра долги уживања на велосипед“
21:00 „П3“, Ден Вилан/Ронгкин Су, Канада, 2021, 14’
„Исповедувањата на еден тркач“, Бачар Катар, Либан, 2020, 29’
„Миртл Симпсон – живот на мраз“, Ли Ен Сајдс, САД, 2019, 34’
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top