Фото клубот Охрид го одбележа деценискиот јубилеј со изложба.
Членовите на клубот се задоволни од посетеноста на поставката. Велат отворени сме за луѓе кои имаат дарба за забалежување на убавото и моќ да го запрат времето за миг.
Фото клубот Охрид одбележа јубилеј 10 години постоење. Тоа беше повод во изложбениот салон, во Куќата на Робевци да отворат прва изложба на уметнички фотографии во црно бела техника. Своите дела ги презентираа 30-тина автори, постари и помлади членови на фото клубот вели претседателот д-р Лазар Коњаноски. Додава наша интенција беше да привлечеме повеќе млади, љубители на овој вид уметност. И овој пат се потврди дека Охрид е град на многу луѓе кои ја носат уметноста, во случајов уметничката фотографија, во своето срце и тој број е навистина голем. Има голем број наши сограѓани кои не се експонирани во јавноста, а уживаат во оваа уметност истакнува д-р Коњаноски. Вратата на клубот е отворена за љубителите на оваа уметност истакнува претседателот на клубот.
Член на ФК Охрид од неодамна е Ристе Петрески.Тој со неколку свои фотографии за прв пат учествува на изложба. Љубовта кон уметничката фотографија и желбата повеќе да навлезе во тајните на оваа уметност биле причините да членува во клубот.
Борче Чакалевски, пак , е еден од постарите членови на фото клубот. Вели, езерото со кое тој е многу поврзан, е неговата инспирација за уметничка фотографија, а ја цени фотогрфијата во боја.
Во децениското постоење, како и бројни клубови од сите области, и овој има проблеми. За задоволството од членувањето во ФК Охрид, но и за проблемите кои ги имаат проговори и Петар Боев, еден од членовите од неговото основање.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град