Охриѓани денес гласаат на 10те парламентарни избори

Граѓаните на Општина Охрид денеска гласаат на 10те парламентарни избори, петти предвремени од осамостојувањето на земјата.

 |   | 

Граѓаните на Општина Охрид денеска гласаат на 10те парламентарни избори, петти предвремени од осамостојувањето на земјата.

„Во 7 часот, навреме отворени беа сите 89 избирачки места во Општина Охрид, каде правото на глас можат да го остварат 52510 граѓани запишани во Единствениот избирачки список“. – информира Климент Камнароски, претседател на Општинска изборна комисија – ОИК.

Од избирачкото место 1238, населба Видобишта, утрово информираа дека гласачкото место е навреме отрворено, избирачкиот одбор е во полн состав, а согласно воведените здравствени протоколи поради епидемијата со Ковид-19. Благоја Ристевски, претседателот на избирачкиот одбор на избирачкото место 1238 информира дека за само два часа , односно до 09 часот, излезноста била изненадувачки висока, околу 6%. Слична е состојбата и на останатите избирачки места.

Гласањето на овие избори се спроведува со посебни задравствени протоколи, па поради тоа од 89 избирачки места во Охрид на кои денес се гласа на предвремените парламентарни избори, на 20 им се променети локациите заради почитување на здравствените протоколи, за што преку медиумите веќе неколку дена претходно информираа од ОИК.

Па, така промени има кај гласачкото место 1.251, кое беше сместено во наплатниот пункт на „Водовод“. Таму запишаните гласачи сега гласаат во просториите на ОУ „Св. Климент Охридски“. Гласачките места 1.254 и 1.254/1 од просториите на ЈП „Охридски комуналец“ на булевар „Туристичка“ се преместени во приземјето на новиот објект на „Градски пазар“. Избирачките места 1.259 и 1.259/1 кои досега беа во приватен објект на улицата „Егејска“ се преместени во просториите на ОУ „Братство Единство“.

Избирачкото место 1.260 од МЗ „Даме Груев“ е преместено во приватен објект во непосредна близина. Граѓаните кои гласаа во избирачките места 1.261 и 1.262 сместени во ЈП за стопанисување со стамбен и деловен простор сега гласаат во ОУ „Григор Прличев“, а оние кои гласаа во просториите на МЗ Кошишта на избирачко место 1.264/1 сега гласаат во новиот објект на „Градски пазар“. Гласачките места 1.265 и 1.266 сместени во приватен објект на улица „Стив Наумов“, сега имаат локација ОУ „Братство Единство“ во Лескајца.

Оние граѓани кои гласаа во објектот на ЈЗУ Општа болница, односно избирачките места 1.269 и 1.272, сега ќе бидат преместени во ОУ „Христо Узунов“. Избирачкото место 1.270 од просториите на НП „Галичица“ на улица „Галичица“ е преместено во ОМУ „Методи Патче“, а 1.276 од просториите на ЈП „Македонски шуми“ на улица „Јане Сандански“ е префрлено во гимназијата „Св. Климент Охридски“.

1.281 и 1.281/1 од приватен објект на улица „Прва Македонска бригада“ се преместени во приватен објект кај Стобекс, 1.284 од Водостопанска организиација „Охридско Езеро“ на улица „Живко Чинго“ во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а гласачките места 1.310 и 1.310/1 од приватен објект на улица „Хаџи Мустафа“ за овие избори се преместени во приватен објект на улица „Гоце Делчев“.

Во општина Дебрца каде има 28 гласачки места, со евидентирани 4.422гласачи и нема промени на местата, бидејќи сите ги задоволуваат протоколите.

Изборниот процес непречено се спроведува територијата на Општина Струга, каде на 101 избирачкo местo ќе можат да гласаат вкупно евидентирани 60.810 лица со право на глас. Промени на локација во Струга има само на две избирачки места, информира ОИК Струга.

Поради новонастанатата ситуација со епидемијата на КОВИД-19, за прв пат гласачкиот процес наместо 12 ќе трае 14 часа, гласањето ќе се одвива од 7 часот наутро до 21 часот вечерва.Гласањето ќе се одвива на 3390 избирачки места, а право на глас имаат 1.814.263 граѓани. На овие избори учествуваат 15 партии и коалиции.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top