ТАВ за 10 години го зголеми бројот на патници за четири пати

Холдингот ТАВ Аеродроми, ја прославува 10-годишнината од управувањето со македонските аеродроми. Вкупниот пораст на бројот на патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид заедно, кој беше 640. 000 во 2009 година, се очекува да достигне 2,7 милиони до крајот на 2019 година.

 |   | 

Холдингот ТАВ Аеродроми, ја прославува 10-годишнината од управувањето со македонските аеродроми. Вкупниот пораст на бројот на патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид заедно, кој беше 640. 000 во 2009 година, се очекува да достигне 2,7 милиони до крајот на 2019 година.

Во последната декада, бројот на опслужувани дестинации е зголемен од 15 на 44 како резултат на маркетингот и поддршката од мрежата на авиолинии на ТАВ, која се протега на 14 аеродроми во 7 земји.

Главниот извршен директор и Претседател на холдингот ТАВ Аеродроми, Сани Шенер, изјави:

„Навршувајќи ги првите 10 години работа во државата, многу сме среќни од работењето на двата македонски аеродрома, во секој аспект, како за компанијата така и за целокупната економија во државата. Од 2010 година инвестиравме 120 милиони евра во аеродромска инфраструктура и развој, а плативме вкупно 47,4 милиони евра за концесиски такси и даноци. Инвестициските циклуси од почетокот на работата на ТАВ Македонија ги поместуваат сите сегменти на аеродромското работење. Од 15 дестинации на кои превозниците летаа од/до Скопје во 2010 година, денес бројот се зголеми на 44 дестинации, додека бројот на патници на двата аеродрома, кој во 2010 година беше само 640.000, на крајот на 2018 година достигна бројка од 2,3 милиони. Очекуваме овој развој да продолжи со слично темпо во наредниот период, искористувајќи го потенцијалот на македонските аеродроми да станат заеднички регионален центар и да придонесат за развој на македонската економија и деловните односи меѓу Македонија и Турција “

Бројот на вработени на ТАВ Аеродроми, на скопскиот и охридскиот аеродром е 1.100 луѓе, од кои повеќе од 70% работат во ТАВ Македонија, а останатите во сестринските компании на ТАВ, односно во БТА, АТУ, ТАВ МОС, ТАВ Технолоџис и Еуроклин.

Главниот и извршен директор на ТАВ Аеродроми, Шенер, истакна дека успехот на пазарот е постигнат како резултат на посветената работа на тимот на ТАВ Македонија со цел да обезбеди услуги со висок квалитет во секој сегмент, како и на поддршката од институциите во земјата кои се вклучени во авиосообраќајот.

Доказ за практиката да се обезбедат аеродромски услуги со висок квалитет, е наградата ASQ од страна на Меѓународниот совет на аеродром, што скопскиот аеродром ја доби за 2018 година, по четврти пат, по наградите добиени за 2012, 2013 и 2015 година. Оваа престижна награда е доделена според искуствата на патниците, и е светски репер за врвна услуга за клиенти. ТАВ Македонија продолжува да бележи зголемување на бројот на патници.

Првите 8 месеци од 2019 година ги заврши со вкупно 1,8 милиони патници (1,774,482), што е 12,1% зголемување на годишно ниво и 14,744 летови (9,9% зголемување на годишно ниво) на двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top