Од 1 јули започнува поврат на 15% од платен ДДВ кај граѓанитe

50 милиони евра собрани пари од граѓаните ќе се враќаат на населението како поврат на 15% од платениот ДДВ. Денеска Владата ја претстави мобилната апликација, преку која ќе се одвива овој процес.

 |   | 

50 милиони евра собрани пари од граѓаните ќе се враќаат на населението како поврат на 15% од платениот ДДВ. Мерката започнува од 1 јули. Премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, денеска го најавија стартот на проектот „Мој Данок Моја заштеда“.

Секој граѓанин со наполнети 15 години, лична карта и трансакциска сметка на свое име ќе може да побара поврат на ДДВ преку апликација на мобилен телефон Мој ДДВ.Условот за користење на оваа апликација е да сте регистрирани на услугата Е-персонален данок. Потоа едноставно само ќе треба да ја симнете апликацијата на мобилен телефон, да се најавите со податоците од Е-персонален данок, а последната фаза е скенирање на фискалните сметки. Граѓаните ќе треба да ги скенираат бар кодовите на фискалните сметки преку апликацијата, а системот на УЈП автоматски ќе пресметува колку пари ќе бидат вратени кај граѓаните.
Преку овој проект граѓаните заедно со финансиските институции ќе остварат две главни цели, првата враќање на дел од парите кај граѓаните и втората  намалување на сивата економија и даночното затајување, истакна премиерот Заев.
 
“За прв пат во историјата на нашата земја државата враќа дел од ДДВ дирекно на сметките на граѓаните. Досега поврат на ДВВ остваруваа само компании а сега таа придобивка ја обезбедуваме за сите граѓани. Заради правичност , за да не се случи повратот да оди главно кај најбогатите, поставени се лимити. Нема да има можност за поврат на ДДВ од сметка над 30000 ден , дури 98% од домаќинствата ќе можат да направат поврат на дел од ддв то  од целата потрошувачка а за оние најбогатите 2% ќе има лимит.“ рече премиерот Заев.

Министерот Драган Тевдовски рече дека ова е најобемната мерка која ја спроведува министерството и ујп и важи само за граѓани, а не за претпријатија кои работат со фактури и сметкопотврди. Додаде дека начинот на кој граѓаните ќе можат да го остварат ова право е едноставен и брз, без административни процедури и чекање на шалтерите.

„Скенирањето треба да се направи најмногу 10 дена од издавањето на сметката. За ранливите групи има и алтернативни начини.  Доколку граѓаните ги бараат сите сметки ние очекуваме дека ќе бидат вратени најмногу 50 мил евра годишно а максималниот износ на поврат на едно лице ќе изнесува 1 800 денари за три месеци.“ – рече Тевдовски.

 Сања Лукаревска наведе дека системот е подготвен и дека апликацијата е едноставна и лесна за користење. Проектот е прв од ваков вид на балканот и на него работеле врвни професионалци.

 „Од 1 јули фискалните сметки нема да бидат парче хартија кое ќе ги потсетува граѓаните на парите кои ги потрошиле туку и на парите кои ќе им се вратат. Апликацијата „Мој ДДВ“ скенира само валидни сметки со скенирање на бар-кодот, незаконските нема да ги препознае. – рече Лукаревска.

Првата исплата на трансакциските сметки на граѓаните ќе биде во декември, потоа исплатите ќе се вршат квартално. Едно четиричлено семејство нема да може да добие поврат поголем од 28.800 денари годишно.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top