Ќе се собира стара хартија

Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти jуни-Светскиот ден за заштита на животната средина во соработка со основните и средните училишта од Охрид организира акција за собирање на стара хартија. Акцијата за собирање на стара хартија ќе се одвива во среда на 8 -ми јуни 2016 година од 8 до 15 часот.

 |   | 

Акцијата за собирање на стара хартија наменски се организира на крајот од школската година за да можат учениците да ги донесат сите непотребни списанија, тетратки и друга хартија во дворот на нивното училиште каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата.

Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и институции од Охрид, кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до за нив најблиското училиште.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top