Ќе се возобновува култот на Свети Константин Кавасила- Архиепиоскоп Охридски

Култот на Свети Константин Кавасила- Архиепиоскоп Охридски, повторно ќе биде подигнат. Св. Константин Кавасила е најдостојниот продолжувач на делото на Св. Климент па затоа во иконографијата е ставен до неговиот портрет. На 31.октомври  во катедралната црква „Света Софија“ќе се чествува неговото дело.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Ќе се возобновува култот на Свети Константин Кавасила- Архиепиоскоп Охридски. Тој бил византиски свештеник и охридски архиепископ во периодот по 1250 до 1263 година. Кoнстантин Кавасила бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија. Роден бил во Илирија, најверојатно на територијата на Епирското деспотство. Пред да застане на охридскиот трон, тој бил епископ во градот Струмица, поточно во водочкиот манастир и митрополит во Драч. Поради одредени историски прилики неговиот култ бил искоренат но неговиот лик е застапен во повеќе цркви во Охрид и тоа најчесто е на иста фреска со Св. Климент Охридски.

Се наоѓа во неколку цркви  во градов и тоа во Св Богородица Перивлепта, во Св. Јован Канео и во мали Св. Врачи. Поврзаноста со Св. Климент е во тоа што Св. Константин Кавасила е најдостојниот продолжувач на делото на Св. Климент па затоа во иконографијата е ставен до неговиот портрет, вели теологот Виктор Недески.
Бидејќи делото и ликот на Св. Константин Кавасила е многу значајно за целото православие црквата организира миса на денот кога по се изгледа тој е упокоен. Чествувањето на култот на Свети Константин Кавасила  ќе се одбележи на 31.октомври  во катедралната црква „Света Софија“.

„Ова личност во минатото била многу прославувана, но денес верниците имаат многу мали сознанија за неговото житие. Затоа неговото значајно дело повторно ќе го презентираме пред јавноста, а со тоа ќе му го дадеме местото кое го заслужува.“ вели Недески.
Програмата ќе започне во 07 часот и 30 минути со Утрена богослужба. Во 08 часот и 45 минути ќе бидат пречекани архиереите на МПЦ, а во 09 часот ќе започне и Свечената литургија. По завршувањето на службата, слово ќе одржи неговото блаженство, архиепископот Стефан, а излагање за ликот и делото на Свети Константин Кавасила ќе има теологот  Недески. Во катедралната црква „Света Софија“ ќе настапи и Византискиот хор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top