ЈП „Билјанини извори“ денес остана без електрична енергија

Јавното претпријатие Билјанини извори утрово остана без струја. За причините за исклучувањето добивме две верзии. Едната од директорот на Билјанини извори според која  Јавното претпријатие  ангажирало фирма која треба да направи ревизија на напојувањето, па за таа цел била исклучена струјата. Додека пак  портпаролот на ЕВН тврди дека непојувањето е исклучено заради неплатен долг.

 |  Валентина Неловска  | 

Повторно исклучена струјата во ЈП Билјанини извори. Ристе Мишев, директорот на ЈП Билјанини извори за Твм кажа дека тоа се должи на нивна тековна активност, а не заради долг кон ЕВН како што беше случај во минатото. Заради пристигнати високи сметки на адреса на ЈП проверуваат дали тие се реални. Како што уверува Мишев вршат ревизија на напојувањето  преку ангажирана  фирма која го контролира напојувањето со електричан енергија  на објектите кои се во рамките на ЈП. Тврди  дека кон ЕВН од мај досега имаат исплатено долг за потрошена елетрична енергија во висина од 3,5 милиони денари.
Од друга страна  портпаролот на ЕВН за ТВМ изјави дека  „Билјанини извори“ утрово е исклучено од системот на напојување  поради неплатен долг.
Претходно беше постигнат договор за начинот на подмирување на долгот кој јавното претпријатие го има кон „ЕВН“ но истиот не беше испочитуван од другата страна, поради што е прекинато снабдувањето со електрична енергија“, информира портпаролот на ЕВН  Атанас  Ковачески.
Ковачески додава, дека во меѓувреме ЈП Билјанини извори, денеска, во текот на денот платиле дел од долгот и одредена сума за повторен приклучок за струја по што повтроно добиле електрична енергија.

{loadpostion content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top