Флуоросцентни елечиња за првачињата за поголема безбедност во сообраќајот

Во ОУ „Братство и Единство“ – Лескајца, во четврток, 6-ти октомври со почеток во 11 часот, на учениците од прво одделение ќе им бидат поделени флуоросцентни елечиња за поголема безбедност во сообраќајот.

 |   | 

Во ОУ „Братство и Единство“ – Лескајца, во четврток, 6-ти октомври со почеток во 11 часот, на учениците од прво одделение ќе им бидат поделени флуоросцентни елечиња за поголема безбедност во сообраќајот.

Со ова ќе биде означен почетокот на акцијата со која вакви елечиња ќе добијат сите првооделенци во Охрид. Безбедносните елечиња, кои се донција на ЛК Лихнидос од Охрид, утре ќе им бидат доделени на сите првооделенци од Охрид од полициски службеник од СВР Охрид, кои заедно со општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот, секторот за образование при општина Охрид, ја подржаа акцијата и се дел од нејзината реализација. Целта е да се подигне јавната свест и совест кај најмладите за поголема внимателност и безбедноста во сообраќајот на учениците првооделенци како ранлива категорија учесници.

Со цел реализација на акцијата, летово Лихнидос постави кутии за донации во Топ Маркет, Тамаро, Тинекс, кафе Конект и Аеродром „Св. Апостол Павле“ на компанијата ТАВ, и реализираше повеќе други активности, со што обезбеди средства за набавка на 550 заштитни елечиња за сите првооделенци во општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top