Фекалната канализација проблем во центарот на Охрид

Во строгиот центар во Охрид, во близина на чинарот утрово се прелеваше шахта, од која се ширеше неподнослива реа. Екипите на ЈП „Нискоградба“ информираат дека веќе го санирале дефектот.

 |  Николоска Биљана  | 

Фекалната канализација повторно создава проблеми во градот. Денес, кај некогашниот ресторан Ориент, во близина на чинарот, се ширеше неподнослива реа од шахта која се прелеваше. Не е ништо ново, од канализационите шахти, посебно во градската чаршија, да се шири непријатна миризба, негодуваа минувачите кои ја заобиколуваа шахтата бидејќи околу неа имаше прелеано поголема количина фекална вода.

Директорот на ЈП Нискоградба, Сашо Донев, информира дека уште утрово граѓани го пријавиле дефектот, но нивната екипа не можела да интервенира навреме бидејќи во непосредна близина на шахтата било паркирано возило и пристапот до неа неколку часа бил оневозможен.  Донев информира дека шахтата е одзатната и дека вакви и слични интервенции на  дефекти имале по 10тина во текот на еден работен ден.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top