Утре заседаваат градските избраници

Охридските советници ќе заседаваат за првпат во новата година. Утре, ќе се одржи 67-та седница на Советот на општина Охрид, на која на дневен ред ќе бидат дури 60 точки, во најголем дел одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти.

 |   | 

Охридските избраници ќе заседаваат за првпат во новата година. Утре, ќе се одржи 67-та седница на Советот на општина Охрид, на која на дневен ред ќе бидат дури 60 точки, во најголем дел одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти.

На дневниот ред на ова издание на седницата на советот се и неколку предлог решенија за именување членови во комисиите за општествени дејности, за верификација, избори и именувања како и во комисијата за урбанизам. Покрај останатите точки на ова издание на седницата на советот треба да биде констатиран престанок на мандатот на советничката Жаклина Лазареска, која во иднина ќе ја извршува пратеничката функција, а ќе биде верификуван мандатот на нејзиниот наследник.

Градските избраници на утрешното издание на седницата ќе треба да донесат и две одлуки и тоа за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП„Охридски Комуналец“ и ЈП „Градски Пазар“ Охрид и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП„Градски гробишта“ Охрид. Останатиот дел од точките на ова издание на седницата на советот се одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти.

 

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top