Уставниот суд денес решава за одложеното распуштање на Собранието

На денешната седница, Уставниот суд треба да донесе конечна одлука дали одложеното распуштање на Собранието е противуставно или н, пренесуа „Телма“.

 |   | 
logo

На денешната седница, Уставниот суд треба да донесе конечна одлука дали одложеното распуштање на Собранието е противуставно или н, пренесуа „Телма“.

Минатата среда Судот веќе изрази сомневање дека одлуката е неуставна и одлучи да поведе постапка.

Никој од судиите не беше против, а претседателката Елена Гошева потенцираше дека се прави преседан заради состојбата во која се наога државата и заради нефункционалноста на голем број државни органи.

Тоа веднаш повлече повторно свикување на пратениците за собраниска седница и донесување четири важни закони. Во отсуство на СДСМ и ДПА, парламентарното мнозинство експресно го измени Законот за помилување за да овозможи некој вид понистување на помилувањата дадени од претседателот Иванов.

Уставниот суд денеска веројатно ке го прифати барањето на ДУИ како подносител на иницијативата и ќе ја поништи Одлуката за самораспустање. Тоа значи дека таа ке биде избришана од правниот поредок како да никогаш не била донесена. Ќе исчезнат и правните последици од нејзиното донесување, пред се распишувањето избори за 5-ти јуни, а потоа и сите преземени предизборни дејствија. Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top