УСПЕШЕН НАСТАП НА АМАТЕРСКАТА ТЕАТАРСКА ГРУПА ОД ОХРИДСКИОТ ЦРВЕН КРСТ ВО ТРЕБИЊЕ

Делегација на Црвен крст Охрид составена од членови на Театарската група на волонтери при Црвен крст Охрид моментално е во четиридневна посета на Црвениот крст од Требиње.

 |   | 

Делегација на Црвен крст Охрид составена од членови на Театарската група на волонтери при Црвен крст Охрид моментално е во четиридневна посета на Црвениот крст од Требиње.

Синоќа тие во Домот на млади во Требиње, имаа успешен настап пред публиката со изведбата на театарската претстава „Фортуна“ во режија на Маре Ристеска и Весна Терзиоска. Оваа средба на младите во Требиње ќе ја зајакне и прошири постоечката соработка на двете организации на Црвен крст и во делот на театарската уметност со дефинирање на учеството на волонтери на Црвен крст Требиње на Аматерскиот младински театарски фестивал „Вдиши Театар“ наредната година во Охрид, сметаат од Црвен крст Охрид.

Инаку целта на овој Аматерски Младински Театарски Фестивал е поттикнување на средношколците во градот Охрид за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот „Вдиши театар“ е можност за промоција на работата на драмските секции од училиштата, но и поттик за професорите во осмислување и креирање на драмски текст. Самиот фестивал ќе биде еден чекор напред во подигнување на театарската култура, не само кај младите, туку и кај останатите граѓани, а воедно и збогатување на културната понуда во градот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top