• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Туристички сојуз: Преставувањето на саемите за туризам од страна на АППТ е само про форма

Туристички сојуз: Преставувањето на саемите за туризам од страна на АППТ е само про форма

Агенцијата за промоција  и поддршка на туризмот на саемите на кои што оди не ја преставува државата како што треба, обвиниваат од Туристичкиот сојуз на Охрид. Потенцираат дека преставувањето на саемите е само про форма и дека од тоа развојот на туризмот во државава нема некој поголем бенефит.  Од Агенцијата велат дека секој саем е посебна приказна и дека тие на најпрофесионален начин се подготвуваат за промоција пред заинтересираните клиенти.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Преставувањето на саемите за туризам од страна на Агенцијата за промоција  и подршка на туризмот не се на нивото на кое треба да бидат , тие се  без доволно настани на штандот, без прес конференции за странските медиуми акредитирани на Саемот и туроператорите кои се присутни на ваквите значајни манифестации, без организирање на Б2Б средби меѓу нашите и странските туроператори на Саемот, тврдат од туристичкиот Сојуз на Охрид. Од таму потенцираат дека преставувањето на саемите е само про форма и дека од тоа развојот на туризмот во државава нема некој поголем бенефит.

Саемските промоции не се на нивото на кое треба да се земајќи го во предвид буџетот  со кој располага агенцијата.
Површината на штандовите е од 40 – 60 м2 – што е премал простор за сите оние кои сакаат да се промовираат. Местото во халата каде што е поставен штандот не е атрактивно за посетителите на Саемот, пултовите од штандот Агенцијата ги издава под закуп на туристистичките организации така што за Агенцијата има само еден пулт од 2 м2 на кој седат 4- 5 луѓе од Агенцијата и често се прашуваме што прават тие таму.
Нема активности на штандот или тие се минимални, нема организирани средби меѓу туроператори од земјата со наши туристички агенции или прес конференции за странски медиуми, нема доплнителна промоција на саемот. Промоцијата на саемите е иста кога Агенцијата имаше годишен буџет од 100 000 евра и сега кога има 2 милјони евра, вели Драгана Ристевска, претседателот на Туристичкиот Сојуз.

Од туристичкиот сојуз додаваат дека саемското преставување е и тоа како потребно, но треба да биде добро организирано и изменаџирано. Тоа го потврдуваат и туристичките работници. Велат дека саемите се најдоброто место за продажба на туристчкиот производ.

За жал многу малку внимание се посветива на саемското преставување. Сум бил на повеќе саеми и сум посетил многу странски штандови. Се гледа дека е посветено максимално внимание што подобро да се престават. Додека нашите штандови секогаш се во некој ќош каде никој не ќе ги примети и со оскуден пропаганден материјал, вели Џингис Патељ, професионален туристички водич.

Од Агенцијата за подршка и промоција на туризмот велат дека   се зачудени од ваквите размислувања бидејќи тие посебно внимание посветуваат на саемското преставување на државава и нејзините туристички центри. Настапувале на многу меѓународни саеми и берзи и насекаде биле пофалени за нивната организација.

Јас можам само да демантирам дека не сме се подготвувале за саемските преставувања. Напротив секој саем е посебна приказна и ние на најпрофесионален начин се подготвуваме за таму. Предлагам тие што имаат забелешки да дојдат со нас на некој нареден саем и самите да се уверат дека не се во право, вели зоран николоски- раководител на сектор за туризам при Агенцијата за промоција и подршка на туризмот.

Моментално Агенцијата е присутна на туристичката берза во Римини Италија, а во периодов што следува ќе учествува на туристичката берза во Лондон, Утрехт, Истамбул, Дизел, Софија , Москва, Белград и Гетеборг.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top