Требеништа по трет пат домаќин на фестивалот „Црешнобер“

Надалеку познатата сочна и вкусна требенишка цреша ќе ја вкусат домашни и странски посетители, а  покрај изложбата и дегустацијата на црешите и годинава се очекува богата културно-уметничка програма.

 |   | 

Надалеку познатата сочна и вкусна требенишка цреша ќе ја вкусат домашни и странски посетители, а покрај изложбата и дегустацијата на црешите и годинава се очекува богата културно-уметничка програма.

Стотици посетители и годинава се очекува да бидат дел од третото издание на фестивалот „Црешнобер“, што овој викенд ќе се одржи во селото Требеништа, Општина Дебарца. И овој пат фестивалот има за цел да ја промовира црешата како заштитен занк и бренд на ова село.

„Значи идејата се случи од самото население со оглед на тоа што во тие села се произведува црешата во масовни колични, дојдовме до идеја да направиме еден фестивал за црешата. Од една страна ќе имаме промоција на самата цреша а од друга страна на жителите на тие села ќе им направиме една атракција во која ќе уживаат, како во настапите на играорните групи, така и во настапите на фолклорните пеачи“, вели Игор Трајкоски – Градоначалник Општина Дебрца .

Надалеку познатата сочна и вкусна требенишка цреша ќе ја вкусат домашни и странски посетители. Покрај изложбата на црешите и годинава се очекува богата културно-забавна програма, која ќе ја збогатат и настапи од фолкорни групи од повеќе земји од регионов.

„Во дел од програмата имаме предвидено изложба на цреши, ќе има штандови каде посетителите ќе може да ги пробаат бесплатно и да го осетат вкусот на црешата, која е многу вкусна посебно од тоа поднебје од таа сорта којашто се призведува, паралелно со тоа почнува и бербата на црешата.“, објаснува Игор Трајкоски – Градоначалник на Општина Дебрца.

Третиот фестивал „Црешнобер“ ќе се одржи на 19 јуни во недела во 18 часот во спортската сала Аминта Трети во село Требеништа, а на свеченото отворање на манифестацијата ќе се обрати Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top