Тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Подмољје-Струга

Три лица од кои две посериозно, се здобија со телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 20 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Подмољје-Струга кај крстосницата со локалните патишта за „Еврохотел“ и селото Милешево. Поради сериозноста на повредите, во општата болница во Струга задржан е А.З. (20) од струшкото село Ливада додека во болницата Св.Еразмо -Охрид задржано е едно малолетно лице.

 |   | 
svr

svrТри лица од кои две посериозно, се здобија со телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 20 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Подмољје-Струга кај крстосницата со локалните патишта за „Еврохотел“ и селото Милешево. Поради сериозноста на повредите, во општата болница во Струга задржан е А.З. (20) од струшкото село Ливада додека во болницата Св.Еразмо -Охрид задржано е едно малолетно лице.

Во сообраќајната незгода учествувале патничките моторни возила марка „Голф“ со струшки регистарски ознаки управувано од Б.М. (24) од селото Франгово во кое се наоѓало малолетното лице и автомобил „Ауди“ управуван од сега повредениот А.З.

Сообраќајната незгода е случена поради непочитување на сообраќајниот знак „Стоп-задолжително запирање“ поставен на локалниот пат за Евро хотел од страна на возачот на патничкиот автомобил „Голф“. Тој невнимателно се вклучил на магистралниот пат без да му отстапи првенство на минување на возилото „Ауди“ кое по магистралниот пат се движело во правец од Охрид кон Струга.

По овластување на Јавниот обвинител, полициски екипи, на местото на сообраќајната незгода извршија увид при што сообраќајот не беше запрен и се одвиваше со пренасочување на возилата по споредни патишта.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top