• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • „Танец“ ќе го отвори годинешното издание на „Балканскиот фестивал на народни песни и ора“

„Танец“ ќе го отвори годинешното издание на „Балканскиот фестивал на народни песни и ора“

Со секогаш спектакуларен настап на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ на 7-ми јули на летната сцена Долни сарај ќе започне годинешното издание на „Балканскиот фестивал“.

 |   | 

Со нов концепт, оваа година фестивалот ќе трае четири дена, два дена помалку од неговите претходни изданија, бидејќи се прави обид да се стандардизира истиот, каде посебно внимание покрај на изведбите на фолклорните ансамбли, ќе се посвети на т.н социјален чин односно комуникацијата и на членовите на ансамблите и на нивните раководства, и секако остварување на можности и за склучување на продуцентски договори.

„Ке се почне со еден принцип на професионализација на фестивалот со цел да се стандардизираат некои вистински вредности кои би потенцирале висок квалитет на фестивалот. Од тој аспект се очекува и една квалитетна уметничка комуиникација со други фестивали како во Кичево и Велес, што би значело една регионализација и подобрување на квалитетот и воспоставување на еден висок норматив и потенцирање на тоа дека фестивалот е балкански“ истакна, Горан Стојаноски – Директор НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

Зоран Џорлев, директорот на „Танец“ – Н.У aнсамбл за народни игри и песни на Македонија истакна дека ќе се направи обид да се срочи енергијата на ансамблите и да се оправда епитетот балкански, според се поголемиот број на ансамбли и групи кои се пријавуваат.

„Малку и порано тоа да се разработи, со завршување на овој фестивал да започнеме со планирање од есен а не да го работиме тоа од март или април, многу од друштвата кои добро котираат овој период имаат планирано настапи надвор од државата, па со време и на време да ги договараме“ додаде Џорлев.

Танец го слави и 55-тиот јубилеј и на Балкански ќе се претстави со „Солунка, Тресеница, Драчевка и друго. Покрај „Танец“, настап ќе имаат и две друштва од Австралија, „Гоце Делчев“ од Битола, „Дримкол“ од Вевчани, „Китка“ од Истибања, „Македонски бисери“ од Австралија, „Искра“ од Црна Гора и други национални ансамбли.

Балканскиот фестивал на народни песни и игри е меѓународна фолкорна манифестација, која е основана 1962 година. Првобитното име на фестивалот е ” Охридски фестивал на аматерските ансамбли на народни песни и ора”. Свеченото отворање се одржало на 20 јули 1962 година на градскиот плоштад. Од 1967 година Фестивалот добива концепција на него да учествуваат вокално-инструментални состави и солисти кои ќе го презентираат автентичното народно творештво и традиционалната култура низ ората, игрите, песните, обредите, обичаите, народните носии, инструментите што се употребуваат во музиката и ракотворбите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top