Судската администрација повторно ќе штрајкува

И по четвртиот ден на штрајкот во судовите на повидок нема решение за негово окончување бидејќи преговорите кои ги побара Синдикатот на УПОЗ, не се одржаа.

 |   | 
strajk

 

И по четвртиот ден на штрајкот во судовите на повидок нема решение за негово окончување бидејќи преговорите кои ги побара Синдикатот на УПОЗ, не се одржаа.

Синдикатот на УПОЗ упати барање и ги повика надлежните од судската власт на заеднички преговори со цел да изнајдат решение бидејќи само тоа е начинот за надминување на овој конфликт предизвикан од штрајкот.

strajkОд Синдикатот велат дека доколку до среда не се покаже интерес за решавање на барањето, од четврток штрајкот ќе се радикализира во повеќе градови, а членовите на Синдикатот ќе започнат и протести надвор од судовите.

– Синдикатот на УПОЗ се заблагодарува на поддршката која ја добива од адвокатите, судиите и претседателите на судовите како и целокупната судска власт која го подржува барањето на Синдикатот на УПОЗ и смета дека барањето е оправдано. Меѓутоа Синдикатот е изненаден од инертноста и незаинтересираноста од надлежните кои очигледно го игнорираат штрајкот и не преземаат никакви дејствија за решавање на проблемот. Синдикатот на УПОЗ сака да укаже дека е свесен за штетата од штрајкот како и од последиците кои ги трпат граѓаните и државата од неработењето на судовите, но тоа не ги погодува надлежните, велат од УПОЗ.

Минатата недела Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) заедно со Здружението за судска администрација, штрајкуваше и пред Основниот суд во Охрид.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top