Туристичките работници предлагаат субвенции кои ќе придонесат за зголемување на бројот на странски туристи во земјава.
Туристичките работници предлагаат субвенции кои ќе придонесат за зголемување на бројот на странски туристи во земјава.
Доколку предлогот се усвои од страна на владата, тоа ќе значи дека финансиски би се помагале субјектите кои ќе ги донесат странските гости. Се надеваат дека субвенционирањето на туризмот ќе профункционира на почетокот од идната година.
Со воведување на механизми за субвенционирање на туризмот во голема мера ќе се придонесе за зголемување на бројот на странски гости во земјава- е заклучокот од вчера одржаната трибина од страна на ДОМ. На неа учествуваа и претставници од Стопанската комора за туризам, ХОТАМ и Министерството за економија.
Доколку владата го реализира ваквиот предлог, тоа ќе значи дека државата финансиски ќе ги помага субјектите кои ќе носат странски гости во земјава- објаснуваат од ДОМ.
Туристичките работници се надеваат дека предлогот ќе профункционира на почетокот на идната година.
Од ДОМ потенцираат дека владата веќе покажала одлучност долгорочно да вложува во развојот на туризмот. Доказ за тоа, велат од таму, е тоа што во јули Владата го прифати амандманот на Законот за туристичка дејност, кој се однесуваше на можноста за субвенционирање на правните субјекти за странски групи туристи.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град