СДСМ Охрид со ново обвинување кон Општина Охрид

Општинската администрација предводена од ДПМНЕ, не гo плаќа долгот на ОУ „Григор Прличев“ кон ЕВН, обвинуваат охридските социјалдемкрати.

 |   | 

Охридските социјалдемократи, денес на прес конференција излегоа со обвинување кон општинската власт. Велат дека лага е изјавата на Општина Охрид дека прична за блокираната сметка на Основното Училиште „Григор Прличев“ е огормниот наследен долг на општината. Охридските социјалдемократи потсетија дека на вонредната 33-седница одржана уште во 2014-та година на која се заседаваше за блокираната сметка на ова училиште конкретно за ситуација за која една седмица тогаш ЕВН ја имаше исклучено електричната енергија поради неплатен долг, вистината излегла на видело.

„Тогаш вистината за ова училиште излезе на виделина, а вистината е дека општинската администрација предводена од ДПМНЕ, не ги плаќа сметките кон ЕВН. По барање на опозицијата и на нашата советничка група, тогаш беше дадена целосна информација за историјатот на состојбата во ова училиште, за што имаме и конкретни документи“ изјави координаторот на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Охрид, Јован Стојаноски.

Јован Стојаноски од О.О. „СДСМ“ Охрид , потенцираше дека Основното училиште „Григор Прличев“ е со блокирана сметка со извршно судско решение од 20.11.2013 година по основ на судски спор од 1989 година заради спор за денационализација на земјиштето на кое е лоцирано ова училиште.

„На тогашната седница која ја споменавме во 2014-та година н Градоначалникот Бакрачески излезе на говорницата и горделиво кажа дека тој ќе биде градоначалникот кој ќе го реши ова прашање за најбрз можен период. До ден денес тоа не се случи а се тоа е уште една потврда, на лагите лицемерието и неспособноста на оваа власт.Училиштето сеуште е со блокирана сметка од долгови кон разни доверители, кои надминуваат цифра од 15.000 000 денари а трагедијата е уште поголема што учебната година веќе започна а сеуште не е довршена реконструкцијата на покривот на двете училишни згради па учениците се под опасност од прокиснување“ потенцира координаторот на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Охрид, Јован Стојаноски.

Од О.О на СДСМ прашуваат зошто во најновите финансиски извештаи кои беа дадени на последната седница на советот нема ниту една цифра за било какви потреби и направени трошоци на училиштето, дека сите се подмирени или дека никакви трошоци не се направени, освен трошоците за струја. Охридските социјалдемократи ветуваат дека по демократските промени кои наскоро ќе се случат, новата и одговорна влада предводена од СДСМ, ќе направи ревизија на сите долгови на училиштата а одговорноста за недомаќинското работење некој ќе мора да ја сноси.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top