Презентирани финалните резултати од „Вотернет“ проектот

Со средства од  проектот се довршуваат уште 200 метри од пешачката крајезерска патека, од мостот Студенчишта, па сè до комплексот Горица, кујната на Факултетот за туризам и угостителство доби нова опрема, а изградена е и ботаничка градина.

 |   | 

Со средства од проектот се довршуваат уште 200 метри од пешачката крајезерска патека, од мостот Студенчишта, па сè до комплексот Горица, кујната на Факултетот за туризам и угостителство доби нова опрема, а изградена е и ботаничка градина.

Со добар тим, средствата од ИПА фондовите не се толку далечни. Презентирани финалните резултати од проектот „Вотернет“, инаку првиот реализиран проект во рамки на ИПА програмата. Проектот се имплементираше од страна на Општина Охрид, во партнерство со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, Општина Воден од Грција и Факултетот „Аристотелис“ од Солун. Секторот за ТЛЕР за прв пат се соочува со имплементација на ваков вид на проекти, но со добар тим кој ќе ја познава методологијата на работа, успехот не може да изостане, објаснува Ѓоко Апостолов. Тој додава дека ова не е единствениот проект на кој секторот ТЛЕР работи.

„И што е истот така многу битно Со Општина Воден, аплициравме на други проекти, новиот повик на ИПА, CVC програмата, апливциравме за продолжение на програмата со water energy, кој според нашите сознанија веќе ги поминал првите селекции и се надевам дека во насјкоро време ќе ги добиеме и официјалните резулати и дека ќе го добиеме и овој проект“, вели Апостолов.

Еден од резултатите од проектот беше изградбата на дел од пешачката патека од мосотот до Парк, поставениот туристичко информативен центар наспроти поштата, двете информативни табли, кои се своевиден времеплов, за некои од најзначјаните културно-исторски обележја во градов, четирите штандови употребени за туристичка промоција на градов, и големо количество на промотивен материјал. Најголема продобивка за ФТУ како партнер на проектот е отворањето на ботаничката градина и опремувањето на факултетот со современа кујна. Евангелос Киријаку – Директор за тризам на Општина Воден изрази огромна благодарност за соработката и помошта на Општина Охрид на овој проект.

„Важно е како помали градови да соработуваме заедно и во иднина не само за време на реализацијата на Вотернет проектот, за важноста на водите и производи кои може да се добијат од вакви незагадени средини“ потенцира Киријаку.

Градовите Охрид и Воден исто така ќе нудат заеднички туристички пакети, како нов туристички производ во меѓусебната соработка. Специфика на двата града се природните убавини, особено богатството од водни ресурси. Тоа е препознаено и од ЕУ, така што ќе бидат финасирани неколку проекти, преку Програмата за трансгранична соработка на ИПА-фондовите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top