Невремето кое зафати делови од земјава продолжува да биде топ тема. Обилните врнежи во Кумановско, Охридско и Велешко и отворија полни раце работа на Комисијата за утврдување на штети. Голем дел од граѓаните на овие реони се пожалија на претрпени штети на нивните куќи и подруми, но и на своите посеви и градинарски култури и садници. Денес местата кои претрпеа најголеми оштетувања во Охрид ги посети пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Хари Шокароски.
„Направивме обиколка по дел од куќите и ги стимулираме граѓаните да се јават во комисијата при локалната самоуправа за утврдување на штети, а комисијата ја стимулираме во што пократок рок да изготви елаборати за штетите кои ги претрпеле граѓаните, а од моја страна ќе ја преземам обврската во што пократок рок да бидат разгледани елаборатите од страна на Владата и да бидат обештетени граѓаните.“-изјави Шокароски
Најголемиот дел од поплаките кои стигнале до локалната биле од граѓаните на улицата Лазо Трпоски кои се пожалија и на проблеми со дренажата на атмосферската канализација. Пратеникот Шокароски лично се увери во настанатите штети. Покрај обиколката на оваа улица, Шокароски најави посета и на два други реони.
„Истото ќе го направиме и во реоните кои посебно претрпеа штета на градинарските култури и овоштарниците односно во Велгошти и Лескоец, да видиме колкава штета е претрпена бидејќи и од таму имаме исто голем дел од граѓани кои се јавуваат и побараа што побрзо да се интервенира значи и нив ќе ги стимулираме да се јават што побрзо до комисијата да им ги изготви елаборатите и да ја утврдиме штетата и што побрзо да се изврши надомест на таа штета.“-додаде пратеникот Шокароски
Шокароски вели дека тие имале сознанија за само делумно покриени места со пријавени претрпени штети. Тој излезе со апел до локалната самоуправа и комисијата за утврдување на штети, што побрзо да излезат на терен како би можело да се покријат сите подрачја зафатени од невремето и навремено да се обештетат граѓаните кои претрпеле некакви штети.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град