Помалку пари за манифестации, повеќе за реконструкции

Намалени и средствата за култура од буџетот на Општина Охрид за оваа година, обвинуваат советниците од опозицијата. Од локалната со објаснување дека развојната програма за култура за оваа година е обемна, а дека најголемата ставка од  програмата се однесува на реконструкцијата на центрите за култура, особено на оној во Велгошти.

 |   | 

Ќе се штеди и на културните манифестации оваа година. Помалку средства од буџетот годинава и за културни манифестации, но значителна сума одвоена за реконструкција на центри за култура. Советниците од опозицијата на последната седница на советот со прашање зошто е драстично намалена подршката за „Охридскиот народен театар“, бидејќи оваа година од буџетот се издвоени 60.000 денари, половина помалку од минатата година, кога за истата намена беа издвоени 120.000 денари, а побараа повеќе средства за подршка на охридскиот градски хор, како и за истакнати градски музички уметници и млади музички таленти.

Навистина многу работи кои требаше според мене во овој проектиран буџет за култура да се најдат со поголеми ставки, јас мислев дека тука се интервенирало, всушност ова е една замка, одвојуваме пари а 18 милиони ние како советници не знаеме за што ќе бидат наменети. На сите важни и витални работи од областа на културата им се намалени ставките за разликаод лани кога зборувавме дека се мали тие уште повеќе се намалени, а овде даваме 18 милиони за кои не знаеме, а можеби знае локалната“, вели Жаклина Лазареска – советник Општина Охрид СДСМ

Секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески објасни дека развојната програма за култура за оваа година е навистина обемна, дека подржува голем број на манифестации, но најголемата ставка од оваа програма е наменета реконструкцијата на центрите за култура.

„Особен фокус е ставен на комплетната реконструкција на центарот за култура во Велгошти, за која намена ќе се искористат околу 15 милиони денари и ќе се реконструира во две фази, веќе првата фаза до крајот од оваа година ќе биде објавен изведбен тендер а проектната документација е комплетно завршена. Идната година ќе се оди и со втората фаза со што комплетно ќе биде реконструиран домот во Велгошти на барање на жителите на ова населено место“ дециден е Спасески.

Тој додаде дека со останатите три милиони, предвидена е реконструкција на домот во Кошишта, кој е во сериозна лоша состојба и салата од центарот за култура во селото Лескоец. Спасески објасни дека стнаува збор за три капитални иневстиции од областа на културата. Во однос на средствата кои секоја година се издвојуваат за подршка на Народниот театар од Охрид, секретарот објасни дека финансиската подршка на оваа установа не е обврска на општината бидејќи истиот финансиски е подржан од министерството за култура на РМ, но дека оваа година овој износ е одобрен согласно барањето на менаџментот на театарот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top