Повторно проектот „Поддршка за вработување на млади“

Службеник во книговодство, шминкер, масер и негувател на стари лица, се занимања кои се бараат на пазарот на труд, а за кои со финансиски средства од ЕУ ќе се врши обука. Ќе се обучат 220 млади лица кои веќе може да се пријавуваат во Агенцијата за вработување.

 |   | 

Службеник во книговодство, шминкер, масер и негувател на стари лица, се занимања кои се бараат на пазарот на труд, а за кои со финансиски средства од ЕУ ќе се врши обука. Ќе се обучат 220 млади лица кои веќе може да се пријавуваат во Агенцијата за вработување.

Целна група се невработени лица до 29 години со завршено средно или високо образование, регистрирани како невработени лица, активни баратели на работа во АВРМ.

Обуките се спроведуваат во рамки на проектот „Поддршка за вработување на млади“ кој е трет директен грант финансиран од ЕУ во износ од 205.333 евра. Мерката треба да се импелментира во рок од една година. Обуките ќе траат четири месеци и за времетраење на обуката учесниците ќе добиваат месечен надомест од 6.261 денар со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. Сертификатот што ќе го добијат ќе може да го користат, како во Македонија така и во странство.

Преку овој проект досега се обучени вкупно 2,256 лица од кои 41 процент се вработени. Ќе следат и дополнителни 10 обуки за занимања за кои ќе се покаже потреба од истражувањето на пазарот на трудот.

Главната цел на оваа мерка е подобрена перспектива за вработување на младите, согласно потребите на пазарот на трудот, а воедно и намалување на невработеноста кај младите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top