Плоштадот „Крушевска република“ ќе добие нов лик

Плоштадот „Крушевска Република“, кај чинарот во Охрид, ќе се уредува во атрактивен плоштад кој ќе создава импресии за посетителите на Охрид. Ќе се бара најдоброто идејно решение кое ќе ги отсликува потребите на градот, знаменитостите, традицијата, културата и се она што значи автентичност на  Охрид, открива градоначалникот Никола Бакрачески.

 |  Биљана Николовска  | 

Ќе се преуредува плоштадот „Крушевска Република“. Тоа влегува во проекциите на охридската локална власт за 2016 година, обелоденува градоналчалникот Никола Бакрачески. Како што е добро познато овој плоштад со стариот платан претставува едно од  најфотографираните места во градов. Неговиот сегашен изглед со постоечката фонтана во која ретко може да се види чиста вода, ни најмалку не претставува репрезентативно место ниту за охриѓани ниту за бројните туристи.

„Во текот на 2016 година имаме намера да објавиме нов конкурс за изработка на идејно решение, со оглед на тоа што таков конкурс беше објавен на почетокот на оваа година. Имаше неколку понудени идејни решенија за преуредување на плоштадот „Крушевска Република“, од кои што искрено кажано Комисијата и поголем дел од службите во Локалната самоуправа не беа задоволни и затоа ќе следи во текот на 2016 нов конкурс за изработка на идејно решение и веднаш после тоа по изборот на најдоброто ќе се изработи проект“.-изјави градоначалникот Бакрачески.

Најверојатно името на плоштадот ќе остане исто, вели градоначалникот Бакрачески. Додава дека досега до него не пристигнала ниту една иницијатива за промена на името. Бакрачески вели дека најважно е,  што во иднина ќе претставува тој простор.

„Сметаме дека заедно со градскиот плоштад, значи плоштадот кај чинарот претставува основна знаменитост на градот Охрид, која што мора адекватно да биде уредена и да биде атрактивна нешто што ќе создава импресии кај сите оние кои ќе го посетуваат“ 01:37+01:59 Мора да се уреди тој плоштад, во делот на плоштади и рекреативно пешачки зони би рекол и затоа кажав дека за нас е многу важно мислењето на експертска јавност и од тие причини нашиот стил на работа е преку објавување на идејни решенија да дојдеме до најдоброто можно решение кое ќе ги отсликува и потребите на градот но и знаменитостите, традицијата и културата и она што значи автентичност на градот Охрид“.- вели градоначалникот.

Преуредувањето на плоштадот „Крушевска Република“ според прогнозите на Бакрачески најверојатно би започнало во втората половина од 2016 год, најдоцана до првата половина од 2017 год.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top