Охриѓани ги следат акциите со намалени цени во маркетите

На тој начин се обидуваат да го заштедат семејниот буџет. И трговците ја препознаваат и следат ваквата потреба на потрошувачите.

 |   | 

Вистинско олеснување за семејниот буџет. Секојдневните акции преку кои потрошувачите може потребните производи да ги набават по пониски цени од вообичаените, стануваат заштитен знак на СТОП-ШОП маркетите. Неделни акции, викенд „Бум“ акции или акцијата „Фати го моментот“ се инструментите преку кои СТОП -ШОП маркетите се доближуваат до своите потрошувачи.

„Стоп-Шоп“ во овие акции што се за два дена „Бум акцијата“ имаме располага со голем број на производи и во однос на тие два дена секои два дена имаме разлиен производ го ставаме на акција за да привлачеме интерес кај потрошувачите, вели Вељаноска Маја – касиерка „СТОП-ШОП“.

На овој начин целиот асортиман на производи постепено во извесен период се продава по пониски цени од вообичаените. СТОП-ШОП маркетите исто така располагаат со широк асортиман на овошје и зеленчук кој на своите потрошувачи им го нудат во своите таканаречени зелени делови.

„Секој ден добиваме свежо овошје и зеленчук и исто така и тие можат да бидат на неделна акција на „Бум“ акција, особено сега кога се актуелни зимниците“ објаснува Вељаноска Маја – касиерка „СТОП-ШОП“.

Покрај вообичаениот асортиман на прехранбени производи, во овој маркет постои катче за бебешки прехранбени производи, таканаречениот „Baby kingdom“, што е големо олеснување за родителите на едно место да најдат се што е потребно за нивните најмили. Првиот СТОП-ШОП“маркет е отворен пред 14 години, моментално функционираат пет, а потребите на потрошувачите ги задоволува персонал од 65 вработени.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top