„Охридски Комуналец“ доби четири современи возила за подигање на комунален отпад и една хидростатична правосмукалка за собирање на помал отпад. Со тоа во голема мера треба да се подобри хигиената во градов, а граѓаните ќе живеат во здрава и чиста средина, рече директорката на претпријатието.
Јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ се поднови со четири специјални возила за подигање на комунален отпад и една хидростатична правосмукалка за собирање на помал отпад. Инвестицијата вредна околу 306.000 евра е прво посериозно вложување во ова јавното претпријатие после 17 години, со што сега ќе може да со подигне нивото на квалитет на услугите кон граѓаните.
Многу често Охрид беше критикуван поради хигиената во градот. Сега тоа ќе се надмине бидејќи се заменуваат старите и дотраени возила кои создаваа сериозни проблеми во функционирањето на претпријатието при обавување на основната дејност, поради честите дефекти што се случуваа со што се отежнуваше собирањето на отпадот па јавната чистота во голема мера ќе се подобри. Набавката на овие возила ќе ја намали и ставката во буџетот на претпријатието на трошоци за сервисирање на старите возила, рече градоначалникот Никола Бакрачески.
И директорката на јавното претпријатие, Елена Скрческа, потенцира дека во голема мера ќе се подобри ефикасноста во работењето на претпријатието, а ќе се намалат и трошоците кои ги има околу поправка на возилата.
Ќе нема дефекти на возилата поради што бевме неефикасни и не се реализираа работите со потребната динамика. Граѓаните ќе добијат навремена и сигурна услуга, ние постоиме за граѓаните кои треба да живеат во здрава и чиста средина, истакна Скрческа.
Овој проект општина Охрид го реализира со поддршка на Светска Банка. Од поволниот кредит со кој се задолжи општината кај Светска Банка со подсредство на министерството за Финансии, а кој изнесува околу 2 мил евра, во градот се реализираа или се во тек низа инфраструктурни зафати, кои според надлежните од локалната целосно ќе бидат заокружени најдоцна до на пролет следнава година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град