ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец ке добие мала сала

Мала фискултурна сала ќе се гради ОУ „Ванчо Николески“  во Лескоец најави ресорниот министер.

 |   | 
Pero Stojnoski
Перо Стојаноски

Мала фискултурна сала ќе се гради ОУ „Ванчо Николески“  во Лескоец најави ресорниот министер.

Во неколку охридски основни и средни училишта,  во следните 3 години ќе се градат четири фискултурни сали. Една од нив ќе биде и во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец најави министерот за образование и наука Перо Стојаноски. Спортската сала ќе биде мала со површина од 650 метри квадратни без трибина. Стојаноски додаде дека заради немање соработка со локалната самоуправа сеуште не е изготвена документацијата  за изградба на фискултурната сала.

Во училиштата имотно правните работи не беа разрешени, но во последната година и пол со залагање на локалните самоуправи се разрешени 80 проценти од имотно правните состојби, што за жал не е случај и со охридската локлана самоуправа истакна Стојаноски.

Министерството за образование и владата не прават дискриминација кој градоначалник од која политичка партија припаѓа ,туку секогаш инвестираат во капитални инвестиции  во интерес на учениците.

LeskoecИ за  Државното туристичко -угостителско училиште  Ванчо Питошески , министерството предвидува градба на голема фискултурна сала со површина од 1300 метри квадратни, со трибина за 400 гледачи. Првично директорот на училиштето со допис го известило министерството  дека не сакаат голема фискултурна сала, но по увидот на министерството е констатирано дека постојат услови за голема сала и таа ќе биде изградена истакна Стојаноски.  

Министерството за образование и наука за комплетна реконструкција  на училиштетот ќе обезбеди финансиски средства за замена на кровната конструкција и прозорите во ОУ Ванчо Николески  во село Лескоец, најави ресорниот министер Перо Стојаноски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top