Општина Охрид ќе спроведе курсеви за електро и машинска струка за невработени лица

Општина Охрид, објави конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви за основни познавања од електро струка и основни познавања од машинска струка за невработени лица од Општина Охрид.

 |   | 
opshtina

Општина Охрид, објави конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви за основни познавања од електро струка и основни познавања од машинска струка за невработени лица од Општина Охрид.

Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2016 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за основни познавања од електро струка и основни познавања од машинска струка за 20 невработени лица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top