Општина Охрид планира уште еднаш се задолжи кај Министерството за финансии

Според анализите направени од секторот за комунални дејности сообраќај и улици средствата од кредитот ќе бидат искористени за реконструкција на улиците Абас Емин, Јане Сандански и Јордан Мијалков.

 |   | 

Советот на Општина Охрид даде зелено светло на Предлог одлуката за долгорочно домашно задолжување на општина Охрид во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП 2). Од советничката група на СДСМ овинуваат дека станува збор за задолжување на општината од 2 милиони евра за изградба на неколку улици, а не изградба на капитални профитабилни објекти, што во суштина се капитални инвестиции, односно ова се задолжувања кои нема да генерираат приходи.

„Во ни еден нормален свет не постои такво кредитно барање преку кое ќе се задолжи некој за два милиони за да реконструирале неколку улици. Станува збор за едноз адолжување кое на долг рок ќе се одрази на животот од граѓаните. Задолжувањето кон такви сигурни извори како што е Светска Банка ќе го има и во иднина“, истакна Јован Стојаноски – координатор на советничка група на СДСМ.

Дејан Блажески од ЛДП пак истакна дека станува збор за многу кредитно задолжување со многу неповолна каматна стапка, кое граѓаните на Охрид ќе треба да го враќаат во наредните 16 години.

„Дали знаете дека оваа каматна стапка по која се задолжува Општина Охрид е воопшто неповолна, не паушална. Каматната стапка од 5% е каматна стапка колку што чини станбен кредит во комерцијалните банки за физички лица. И замислете да вие аплицирате за кредит од 5% каматна стапка а имате пониски за физички лица каматни стапки, тогаш не стаанува збор за позитивно работење на Општината Охрид“, потенцира Блажески.

Нашата Општина има искуство со оваа апликација бидејќи преку МСИП програмата веќе еднаш успешно беа спроведени неколку инфраструктурни проекти. Средствата од ова задолжување планирано е да бидат искористени за реконструкција на неколку градски улици, објасни секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески.

„Благодарение на овие средства ќе можеме да започнеме постапки за изградба и комплетна реконструкција на улицата „Абас Емин“ која долги години е приоритет на граѓаните, оваа улица ќе е целосно реконструирана.Со овие средства ќе се реконструира и улицата „Јане Сандански“ по целата должина и третата улица со која изработуваме проект и која ќе биде реконструирана е улицата „Јордан Мијалков“, објасни Спасески.

Општината пред Минситерството за финансии и Светска Банка за овие средства може да аплицира до 7-ми ноември. Средствата треба да се вратат до 2026-та година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top