ОД Билјанини извори не откриваат до каде е постапката за ЈПП за „СМС паркирање“

Пропадна обидот на ЈП Билјанини извори за осовременување  на паркирањето со СМС пораки.  Од ЈП  не откриваат  кои се причините за неуспешниот обид со тендерот. Кратко само напоменуваат дека приготвуваат документација за нова тендерска постапка.

 |  Валентина Неловска  | 

Најавата од ЈП Билјанини извори дека  охриѓани и гостите ќе паркираат со СМс пораки се изјалови. Од ЈП и по една недела не најдоа време да одговорат на прашањето на ТВМ кои се  причините за  пропаѓањето на тендерската постапка.  Директорот само кратко одговори дека приготвуваат документација за нова тендерска постапка. Иако современиот начин  на паркирање се очекуваше да стартува од ова лето  и пролетоска беше спорведена постапка за избор на партнер за  воведување на електронскиот современ начин на паркирање. Сега никој не сака да каже каде се заглави постапката.

Во месец февруари годинава директорт на ЈП Билјанини извори, Ристе Мишев информираше , дека за современ начин на паркирање на објавениот јавен оглас од ЈП  за имплентација на системот за електронско управување со паркингот по пат на јавно приватно партнерство пристигнале две понуди. Во текот на постапката биле  запазени  сите законски дејности согласно одредбите од Законот за јавни набавки и Законот за концесии и приватно јавно партнерство. Од страна на Комисијата била донесена одлука за избор на најповолен понудувач и веднаш по одлуката беше испратено известување до понудувачите, и течел рокот за поднесување на жалба. Мишев напоменуваше дека современиот начин на паркирање без работа нема да ги остави досегашните работници кои се ангажиран на наплатните пунтови.
Директорот во тогашната изјава кажа  дека на работа ќе бидат задржани сите 35 работници. Современото паркирање беше најавувано дека ќе се задржи на сите досегашни улици вклучувајќи ја и улицата Даме Груев од пресекот на Макеодонски просветители со Булевар Туристичка.

Одлуката за воведување на електорни, современ начин на наплата на паркинзите по пат на ЈПП беше изгласана мината година од страна на охридските советници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top