Објектот „бараки“ на ЦОУ „Братство единство“ со нов лик

Со донација од родители, реконструиран еден од објектите на Основното училиште „Братство единство“.

 |   | 

Објектот наречен „барака “од Централното основно училиште „Братство единство“, во кое одделенска настава следат учениците од македонска и турска националност од прво до трето одделение, денес со нов лик. Благодарение на донација на родители чии дечиња учат во ова основно училиште извршени се големи реконструктивни зафати, со кои во голема мерка ќе се подигне квалитетот на наставата во ова училиште.

„И оваа година на иницијатива на наставничките Шпреса Скоро Елмази и Сербет Зулфи, претседателот на советот на родители Емир Муфти ја започнавме ова иницијатива со мали зафати. Во сето ова се вклучија и сите родители со свои донации од прво и трето одделение од турските паралелки. И господ ни помогна се јави донатор Ерќан Ајдар кој помогна во реновирање на целиот санитарен јазол“ вели Ајнур Абдула – член на Совет на родители ЦОУ „Братство Единство.

Изградбата на санитарниот јазол, беше насушна потреба за учениците кои посетуваат настава во овој објект на училиштето. Заменети се сите санитарни елементи во тоалетот, кој доби и нови плочки и нова дограма. Исто така реализиацијата на овој таканаречен проект немаше да биде озможна без залагањето и работата на работниците кои сите активности ги изведоа без никаков надомест, потенцираат од советот на родители. Директорот на училиштето Муамер Доко изрази голема благодарност до сите оние кои овозможија да се подобрат уловите за одвивање настава во училиштето. Тој додаде дека вакви активности кои се реализираат со донации на родители планирани се и во иднина.

„Во тек во зградата во Лескајца еден родител, бизнисмен Ардијан Асани, две училници ќе ги опреми со клупи и столчиња, како што истот го имавме и лани од други родители во соработка со советот на родители од нашето училиште“ објаснува директорот на училиштето Муамер Доко.

Од советот на родители од училиштето информираат дека контактирале со Локалната самоуправа за поставување осветлување во дворот на училиштето, а исто така голем проблем како велат поплавувањето на дворот со атмосферски води за време на дождливите денови, за што е информирано и ЈП „Нискоградба“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top