Ноември, месец на македонскиот филм во ЦК „Григор Прличев“

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ нареднава недела ќе се прикажуваат македонските класици во соработка со Вардар филм. Веднаш после тоа гледачите ќе може да види уште две премиери на македонски филмови. Публиката полека но сигурно се враќа во кино салите.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Ноември, месец на македонскиот филм. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ нареднава недела ќе се прикажуваат македонските класици во соработка со Вардар филм. Публиката ќе може да ги види филмовите „Хај фај“, „Три Ани“, „Среќна нова 49та“, „Планина на гневот“ и „Тетовирање“.

Одамна планиравме да правиме ревија на македонски филмови за да ја анимираме публиката да ги погледне овие класици . Голем дел од гледачите веќе ги имаат гледано, но секогаш има простор за уште еднаш да се види некој убав филм. Билетот изнесува само 50 ден. Па очекуваме добра посетеност од љубителите на филмот, вели Драгана Боцевска-директор на  Центарот за култура „Григор Прличев“.

Оваа сезона на големо задоволство на љубителите на седмата уметност ќе има уште две премиери на македонски филм. На 14ти ноември ќе се прикажува филмот „Три дена во септември“ во кој глуми и охриѓанката Ирена Ристиќ, а кон крајот на ноември ќе има премиера и на македонскиот филм „Збор“. Овој месец во охридското кино ќе се прикажува и филмот „Татко“ кој е во косовко-германско-албанска продукција, но за него е интересно дека многу сцени од овој филм се снимени токму во Охрид и во него голем дел од статистите се наши сограѓани. Директорката на Центарот за култура вели дека сите овие премиери ќе се доволен мотив за публиката да го посети киното.

Публиката се враќа во кино салите. Се поголем број граѓани се одлучуваат своето слободно време да го поминат на кино. Салата е затоплена и технички сме добро опремени па им ветуваме едно убаво доживување на сите кои ќе дојдат,вели Боцевска.

Директорката кажа дека имаат планови за  осовременување на техниката, а се повеќе се прикажуваат и проекции во 3D анимација која е релативно нова и примамлива за гледачите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top