Најдобрите македонски фотографии на изложба во Охрид

Најдобрите македонски фотографии на едно месо. Годинава Охрид е домаќин на традиционалната годишна изложба од најдобрите македонски фотографи Денови на македонската фотографија. Во рамки на изложбата, охриѓани ќе може да уживаат во околу 260 фотографии кои се дел од најстарата фото асоцијација која се одржува по 54ти пат.

 |  Мишел Наумоски  | 

260тина најдобри меѓу најдобрите фотографии на македонски автори дел од годинешната изложба и манифестација „Денови на македонската фотографија“. Овој традиционален пресек на творештвото на македонските фотографи е буквално преполн со дела кои се признаени и важат за вистински ремек дела насекаде во светот, а не само во Македонија.

 „Јас како претседател мора да бидам задоволен, секоја година имаме варијации некои подобри, некои полоши, но во принцип тоа е тоа. Тие македонски автори што твореле ова е некој сублимат овде што може да се види на изложбата во Охрид. Самата манифестација „Денови на македонската фотографија“ не е замислена само како пресек, таа е главна манифестација, творештвото, фотографиите што ги презентираме, но не е само тоа, тука имаме цела гама на програма, имаме дигитални презентации, ние во текот на годината планираме уште две големи изложби.“-изјави за ТВМ, Боро Рудиќ-Претседател на Фото сојуз на Р.М

Секоја година различен е домаќинот кој ги угостува прекрасните фотографии. Годинава изборот падна токму на нашиот град и фото клубот „Охрид“ кој се јавуваат како ко-организатори на „Денови на македонската фотографија.“

„Тоа е празник за уметноста, празник за очите. Навистина Охрид, го знаеме неговиот пулс во однос на фотографијата, ова нека биде известување дека една прекрасна манифестација ќе им се случи вечер на охриѓани, и јас би апелирал да дојдат во што е можно поголем број да уживаат во убавите мотиви кои се фатени од окото на фотографите на Македонија, инаку темите се најразноврсни, и техниките исто така, тоа се финални производи, навистина она што е најубаво, најдобри емоции се презентирани од самите фотографи.“-вели д-р Лазар Коњановски-претседател на фото клуб „Охрид“

Во рамки на манифестацијата „Денови на македонската фотографија“ освен фотографиите кои ќе бидат изложени во изложбениот простор во Центарот за култура „Григор Прличев“, учесниците ќе имаат можност да погледнат и презентации и видеа за фотографите во рамки на Институтот за филм-Филмска академија Охрид, краткок документарен филм, како и колекции на автори кои добиле звања Ф1 во изминатата година. Инаку изложбата на фотографии официјално се отвора вечерва во 20 часот, а истата ќе трае до утре 22ри мај.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top