• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Намален бројот на откажувања на туристички аранжмани, хотелиерите очекуваат успешна сезона

Намален бројот на откажувања на туристички аранжмани, хотелиерите очекуваат успешна сезона

Туристичките работници денес на работен појадок со  градоначалникот Бакрачески. Тие дискутираа околу состојбите во туризмот во Охрид, но и непосредните ефекти на заложбите на локалната самоуправа, министерствата за надворешни работи и конзуларните претставништва за надминување на ситуацијата со откажување на туристичките аранжмани.

 |  Мишел Наумоски  | 
kej

Туристичките работници и локалната самоуправа оптимисти за престојната летна туристичка сезона. Денес на работен појадок дискутираа околу ситуацијата со откажувања на туристичките аранжмани поради неодамнешните случувања во Куманово. Градоначалникот Бакрачески ги сослуша повратните информации од хотелиерите за ефектите на преземените дејствија на министерството за надворешни работи и конзуларните претставништва како и локалната самоуправа за надминување на ситуацијата и креирање поповолна туристичка клима.

raboten pojadok hotelieri„Од статистичките податоци кои ги добиваме од нив и од туроператорите е дека веќе бројот на откажувања е драстично намален, а за некои туристички агенции и нема веќе откажувања така да сметаме дека во наредниот период туристичката сезона ќе заземе еден нормален тек и нашите очекувања кои беа проектирани на крајот од претходната година ќе се остварат и сепак сметаме дека оваа година ќе биде најуспешната споредено со изминатите неколку години.“-вели градоначалникот Никола Бакрачески.

Претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески, вели дека употребата на зборови како тероризам или откажувања дава само негативни резултати и дека тоа не е пожелна ситуација за некоја посакувана дестинација.

lokalna so hotelieri„Треба да земеме предвид дека ангажманите што се прават од туристичките агенции, и туроператорите што се од надвор, се направени неколку месеци понапред, не е тоа дека денеска јас сакам да патувам во Охрид па се качувам во авион, има и такви патници, но се многу помалку. Организираните патувања се случуваат со резервации однапред, сега ќе го почувствуваме ние тој импакт во месец јуни, затоа што некој што сака да направи одмор во мај месец за во јуни можеби тогаш прочитал или видел некои немили настани кои се случувале и да има намалување кое сега треба да биде показател дали е тоа така или не е така.“-рече тој.

Хотелиерите коментираат дека ситуацијата најсериозно била сфатена од соседните држави, па оттука најголемиот број на откажувања биле направени од туристи од Србија и Бугарија.

turisticka sezona„Фиксните аранжмани кај Холанѓаните, Полјаците, Турците останува состојбата непроменета. Имаше на самиот почеток одредена загриженост но сега состојбата е стабилна. Сега е навистина важно зборот откажувања да го забораваме и нормално се надевам дека сите чинители во оваа држава ќе допринесат состојбата полека да се смири и сите ние да продолжиме да си ја вршиме својата работа.“-изјави Тоше Чочороски, менаџер на х.Силекс.

Претставниците на туристичките агенции пак сметаат дека навреме преземените мерки за ублажување на негативните последици од ситуацијата во Куманово довеле до тоа да има брзо стабилизирање на туристичката клима и само незначителни откажувања на аранжмани.

sostanok lokalna so hotelieri„Си тече работата како што си беше до претходно и мислам дека ќе ги оствариме оние ноќевања кои беа планирани за Охрид. Што се однесува до пазарот кој го работиме ние, Данска, немаше никакви застанувања дури имаше и покачувања. Во тие земји не се ни обрна многу внимание на тие случувања овде што беа.“-вели Олег Маленко од туристичката агенција „Вис Пој“.

Инаку овој работен состанок е втора ваква средба на локалната самоуправа со туристичките работници од градов, а на кој на една маса беа изложени сите проблеми со кои се соочуваат сите чинители во туризмот. Заеднички став од овој работен состанок е дека сепак се очекуваат позитивни резултати во туризмот во престојата летна туристичка сезона.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top