Мултимедијална едукација „ До здрави животни стилови“

На сите деца без оглед на потеклото и способностите, им требаат вештини што ќе им овозможат да ги користат своите знаења за да практикуваат здрави облици на однесување и да ги избегнуваат оние што се закана за нивното лично, емоционално и социјално здравје. Денес во ОУ „Григор Прличев се одржа мултимедијална едукација „До здрави животни стилови“.

 |  Билјана Николоска  | 

Со мултимедијална едукација „До здрави животни стилови“. Денес под мото „Заедно за среќно и безбедно детство“, во ОУ „Григор Прличев“ беше презентиран овој проект. Целта е децата и учениците навреме да се оспособат за самостојно стекнување на знаењето, вештините и способноста за да можат самите да се справуваат со проблемите, и спротистават на ризиците, предизвиците и искушенијата како што истакна предавачот на мултимедијалната едукација м-р. Миле Гиновски, кој истовремено е и автор на проектот под мотото „Заедно за среќно и безбедно детство“.

„Родителите се битниот фактор за превенирање на децата во ризик. Семејството и одителите се први кои го забележуваат тоа. Родителите треба одговорно да го сватат одгледувањето воспитувањето на децата, не треба да се заборави дека децата треба се до нив и треба да го следат движењето и ставовите на децата во однос на многу појави и треба да се во постојан контакт со училиштето бидејќи таму се добиваат повратни, информации“ -вели м-р Гиновски.

Проектот е наменет за децата од преучилишна возраст и за учениците од 1 до 6 одделение а содржината е прилагодена за возраста на децата, и има воспитно образовна, како и превентивно – едукативна функција, информираше Гиноски. Заменик градоначалникот Ангел Јанев истакна дека Локалната самоуправа е иницијатор на многу проекти поврзани со развојот на децата во општина Охрид.

„Многу родители внимаваат на здравите животни навики, почнувајќи од исхраната, физичките активности, потоа учењето, здравиот социјален живот и дружењето. Меѓутоа во секое друштво па и во нашето, има по малку и заборавање на дел од нас како заедници, и дел на родителите како еден од најсуштествените сегменти во воспитанието на децата. Пораката е да не забораваме на децата да имаме време за нив, имајќи време за нив ќе пренесеме дел од оние вредности кои треба да ги пренесуваме“ – изјави Јанев.

Преку проектните активности од мултимедијалната едукација „До здрави животни стилови“, на децата им се овозможува стекнување на определени ставови, знаења и вештини кои им помагаат да изберат и да практикуваат здраво однесување наместо сами да учат што тоа значи. На презентацијата учествуваа ученици и претставници на Советот на родители од ОУ „Григор Прличев“, директорите на основните училишта од Охрид, комисијата за општествени дејности и службите на Локалната самоуправа. Ова е уште еден од многуте проекти кои ги подржува општина Охрид, а се насочени кон промоција на здрави животни стилови и правилен развој на децата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top