Лајонс клуб Охрид донираше во рамки на Неделата на борба против гладта

Денес беа доделени социјални пакети за ранливите категории на граѓани кои ги подготвија членовите на Лајoнс клубот од Охрид. Со тоа и тие се приклучуваат кон одбележувањето на неделата на борба против гладта и акцијата која ја спроведува Црвен крст од Охрид.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Лајoнс клубот од Охрид донираше пакети со прехрамбени производи и средства за лична хигиена за ранливите категории на граѓани. Со тоа и тие се приклучуваат кон одбележувањето на неделата на борба против гладта која оваа година се одржува под мотото Помислете на нас.

Лајанс клубот од Охрид како и досега така и во иднина движејќи се од помислата за хуманите вредности и помагање на оние на кои тоа им е најпотребно ќе се вклучува во сите хуманитарни акции кои се организирани и од сопствени средства ќе  донира основни средства за живот на социјалните категории на граѓани, вели Виолета Мојсоска, член на Лајoнс клубот -Охрид.

Неделата за борба против гладта започна на 16ти октомври, а ќе трае до 22. Од Црвен крст Охрид велат дека секојдневно во нивните простории пристигнувапомош за ранливите категории која веднаш се дистрибуира до семејствата кои се најзагрозени. Од прехрамбени производи најчесто се донираат основните продукти како што се брашно, масло, сол, тестенини и други нерасипливи производи, а се донираат и средства за лична хигиена. Апелираат сите кои можат да помогнат да го сторат тоа.
 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top