Кузески: СДСМ нуди ПЛАН ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Охрид е рекордер во иселувањето, само во последните 10 години се иселени повеќе од 7.500 луѓе од кои најголем дел се млади.

 |   | 

Младите во Република Македонија најсилно ги почувствуваа погубните политики на актуелната власт, обвини на денешната прес конференција, Секретарот на ОО СДСМ Охрид, Александар Кузески.

„Преку проектот “Гаранција за млади” секој млад човек ќе добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, да добие пракса или тренинг за подготовка за вработување, во период од 4 месеци по завршување на школувањето, пред стекнувањето статус на невработен.Ќе ги поддржиме со финансиски средства проектите кои ја зголемуваат свесноста на младите за недостаток од одредени занимања и квалификации и за нивната важност.Ќе отвориме бизнис центри за вработување на младите. Ќе се врши избор на најдобри бизнис планови на млади лица што ќе добиваат грант од 10.000 евра, како и поддршка во бизнис центар. Во бизнис центрите ќе се добива правна, економска, претприемничка, сметководствена подршка, како и простории со опрема за канцелариско функционирање, со цел да се зголемат можностите за успех и развој на бизнисот на младите.Во центарот на образованието ќе бидат младите. Обврска на наставниците ќе биде посветено да работат со младите на развивање на нивните таленти, затоа наставниците ќе бидат ослободени од електронските и административни обврски.Ќе воведеме нов начин на подготовка на младите за запишување во средното и во високото образование“ вели Александар Кузески – Секретарот на ОО СДСМ Охрид.Имаме план заедно со студентите да создадеме неопходни услови за департизација и плурализам во студентското организирање што ќе овозможи суштинско учество на студентите во телата на управување на универзитетите и нивно влијание врз прашањата од нивен интерес“, потенцира екретарот на ОО СДСМ Охрид, Александар Кузески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top