Конкурс за спасители на отворени води

За потребите на Центарот за безбедност на вода, општинската организација на Црвен крст Охрид распишува конкурс за пријавување на кандидати за обука на нови спасители на отворени води.

 |   | 
spasiteli

За потребите на Центарот за безбедност на вода, општинската организација на Црвен крст Охрид распишува конкурс за пријавување на кандидати за обука на нови спасители на отворени води.

– Истата ќе се реализира во Охрид, во периодот од 18-ти до 24-ти јуни, 2016 година. Обуката содржи теоретски и практични програмски активности кои ќе бидат водени од страна на инструктори за безбедност на вода од Црвениот крст на Република Македонија, информираат организаторите.

Конкурсот е отворен до 15-ти јуни, 2016 година, а заинтересираните кандидати можат лично да се информираат за условите и да се пријават за обуката во просториите на Црвениот крст во Охрид, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, на официјалната email адреса: ohrid@redcross.org.mk или на телефонските броеви 046/261-909, 046/262-706 и 070/315-309.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top