Компјутерскиот криминал прераснува во општествен феномен

Размената на информации и заеднички истраги на безбедносните институции од регионов, се клучни во борбата против компјутерскиот криминал.

 |   | 

Од година во година, компјутерскиот криминал, стаува општествен феномен. Криминалните дејствија се шират на хакирање , кршење на авторските права , детска порнографија и сексуална злоупотреба на деца. Исто така, постојат и проблеми на приватноста кога доверливи информации се губат или се пресретнати, законски или на друг начин.

На меѓународно ниво, владини и недржавни актери се вклучуваат во сајбер злосторства како шпионажа , финансиска кражба , како и други прекугранични криминални активности.Претставници на полиции од 12 држави од регионот, членки на СЕЛЕК центарот од Букурешт, во Охрид разговараат за борбата против сајбер криминалот.

„СЕЛЕК центарот ние како МВР и секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика го користиме и ни нуди големи можности за соработка со државите од регионот во однос на истрагите кои ги водиме за компјутерски криминал, размена на информации и заеднички истраги кои ни помагаат во борбата против овој вид криминал, и се трудиме да ја унапредиме соработката со SELEC центарот“ – истакна Марјан Стоилковски, началник на секторот за компјутерски криминал и форензика.

Како и сите држави во светот, Македонија не е имуна на овој тренд на злоупотреби со помош на компјутерот и интернетот. РМ и МВР вложуваат во повеќе сегменти кои се битни за поефикасно справување со компјутерскиот криминал и случаи на кои секојдневно се работи, потенцира Марјан Стоилковски – началник на секторот за компјутерски криминал и форензика.

„Тоа се три сегменти, хармонизација на легислативата со нови предлози со цел да бидат регулирани сите злоупотреби што се случуваат, јакнење на капацитетите, не само на техничките, туку и а човечките и многу битен елемент е меѓународната соработка. Овој тип на криминал не може да се третира само на национално ниво или пак на регионално ниво“, потенцира Стоилковски.

Со хармноизација на овие три сегменти на меѓународно ниво, може да се зборува за борба со овој тип на криминал, кој од година во година прераснува во вистински општествен феномен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top