„За посреќно детство“ по осми пат

Младите охриѓани ќе имаат можност преку своите спортски вештини и способности да ја искажат својата хуманост. Во организација на општинскиот Црвен крст по осми пат ќе се одржи хуманитарната и спортско-рекреативна акција „ За посреќно детство“. Традиционален партнер на акцијата е Стоматолошкиот Центар Д-р Баткоски.

 |  Лионела Јаковлева  | 

 

Хуманитарната и спортско-рекреативна акција „ За посреќно детство“ во организација на општинскиот Црвен крст годинава ќе се одржи по осми пат. Манифестацијата ќе започне на 9- ти октомври  во 12 часот со главна трка во која ќе учествуваат деца од најразлична возраст, а ќе продолжи со спортските активности и забавните содржини кои ќе се одржат кај Центарот за култура и градската библиотека. Стартот на трката ќе биде на плоштадот Чинар, а целта на градското пристаниште. На манифестацијата учество може да земат сите кои сакаат да бидат хумани и кои ќе купат учеснички број кој чини симболични 30 денари.

Целта е да се поттикне најпрво спортскиот дух, но и хуманитарниот дел кај луѓето, особено младите кои учествувајќи во оваа акција всушност им помагаат на своите врсници, на децата од социјално загрозените семејства пред се со средства за набавување на основни животни намирници како и за лекување, реализирање на здравствените потреби на тие деца, нагласува претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.

Традиционален партнер на акцијата „ За посреќно детство“ е Стоматолошкиот Центар Д-р Баткоски. Многу награди како и бесплатни корисни совети за грижата и заштитата на здравјето на устата и забите кај децата и возрасните тие им нудат на сите кои ќе ги посетат на градскиот плоштад.

Нашите тимови на терен ќе вршат запознавање на најмладите со стоматолошкиот стол и останатите инструменти, ќе делат совети за одржување на орална хигиена и ќе делат четки и проспекти за правилно четкање на забите. Наша цел е да ги запознаеме сите од какво значење е одржување на хигиената на забите затоа што само со редовно одржување ќе имаме здрави заби, вели д- р Катерина Верушеска.

За најсреќните следуваат награди. Има 50тина, а првата награда е седумдневно зимување на Златибор, како и престој во Крагуевац и викенд во Крушево. Извлекувањето на наградите со учесничките броеви ќе биде на 24 октомври во 18 часот на Телевизија ТВМ.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top