Започна да се гради речното корито на ул. Ариф Мустафа

Започна да се гради речното корито на  улица Ариф Мустафа. При обилни врнежи каналот беше критична точка и ги поплавуавше домовите на жителите. Каналот според планот треба да биде завршен за 120 дена.

 |  Валентина Неловска  | 

Стартуваа градежните работи за уредување на речното корито во Воска. Жителите од  улицата  Ариф Мустафа може да здивнат од можните поплави со кои се соочуваа при пообилни врнежи. Каналот  ќе се гради од армиран бетон и со ѕидови од камен со дебелина од 30 до 40 цм , во  должина од 280 метри, со ширина во долниот тек  од 1,5 м и ширина на горниот тек од 1,7 м, најави градоначалникот Никола Бакрачески.

„Тоа ќе подразбира и уредување на просторот на каналот за биде пристојно катче за живеење. Работите ќе течат според предвидениот рок на изведувачот од 120 дена за кои треба да ги заврши работите“ кажа Бакрачески.

Независниот советник Кујтим Хусеин го поздрави стартот на средувањето на речното корито и им порача на жителите дека треба да го почитуваат проектот кој ќе го реализира Локалната самоуправа.

„Граѓаните бараа да се направи речното корито. По проектот на општина Охрид граѓаните се влезени 3 метри а  6 до 7 метри отпаѓаат на пат и  1,5 на речното  корито за да се направи и еена патека. Граѓаните ако  се бунат треба да остане како што е, а ние ќе одиме понатака“, рече Хусеин.     
Градежните  работи на проектот ќе ги обавува најповолниот понудувач кој Локалната го избра на тендерот , а тоа е фирмата Бокоп.

„Ние се обврзавме работите да ги изведеме според тендерската документација. Се што ќе излезе непредвидено од работите ќе се обидеме да го вклопиме во проектот на добробит на граѓаните на улицата Ариф Мустафа “, порача Андон Колоски од фирмата Бокоп.

Градежната фирма Бокоп има искуство со градење на речни канали. Работеле и на изградба на канал на Грашница на 100 метри јужно од овој канал, напомена Андон Колоски од фирмата  Бокоп.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top