Денот на пензионерите одбележан во Охрид

Здружението на пензионери во градов успешно функционира повеќе од 50 години и се бори за остварување на правата на оваа категорија граѓани. Од здружението велат дека се задоволни од условите за работа.

 |  Лионела Јаковлева  | 
penzionerski dom
penzionerski dom

Здружението на пензионери во градов успешно функционира повеќе од 50 години и се бори за остварување на правата на оваа категорија граѓани. Од здружението велат дека се задоволни од условите за работа.

Пензионерите од Охрид го прославија 20ти септември, Денот  на пензионерите. На овој ден во 1946 година е донесен првиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување од страна на Собранието на Демократска федеративна република Југославија. Здружението на пензионери во Охрид постои од 1950 година. Во почетокот, како што кажува актуелниот претседател Ѓорѓи Трпчевски условите за работа биле многу лоши, но организацијата постепено растела и ги надминувала тешкотиите. Во првата декада од своето постоење во Охрид имало 856 пензионери за денес овој број на старосни и семејни пензионери да достигне до 8 236, а заедно со инвалидските пензионери оваа бројка е близу 10 000.

den na penzioneriЗдружението на пензионери денес функционира без некои поголеми проблеми. Надминат е и спорот со средствата од солидарниот фонд. Пензионерите од Охрид се задоволни бидејќи средствата од овој фонд повторно ќе се исплатуват преку Здружението на пензионери, а не преку Фондот за здарвствено и пензиско осигурување како што беше случај во последните десетина месеци.

Здружението на пензионери од Охрид се пофали дека има и свој Пензионерски информатор, а вообичаените екскурзии, спортски натпревари и останати активности течат со зацртаното темпо.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top