Денес на Самоиловата тврдина беше одржан историски час

Учениците од основните училишта од градов уживаа во наставата во природа, и изворно се запознаа со животот и делото на македонскиот средновековен владетел, слушајќи за него во оригиналната просторна димензија.

 |   | 

Учениците од основните училишта од градов уживаа во наставата во природа, и изворно се запознаа со животот и делото на македонскиот средновековен владетел, слушајќи за него во оригиналната просторна димензија.

Учениците од Охридските училишта денес на историски час во природа. На Самоиловата тврдина тие ги збогатија своите знаења за еден од најголемите македонски средновековни владетели, Царот Самоил. По повод 1002 годишнината од неговата смрт, нивните професори по историја им одржаа час за владетелот кој на преминот од X кон XI век формирал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров.
Учениците воодушевени од овој тип на настава, со голема желба да ги прошират своите знаења.

Станува збор за историска личност од нашево поднебје која учествувала во сите позначајни битки и походи против Византија и далеку ги проширил границите на државата. Ги обединил под своја власт речиси сите македонски територии (освен Солун), освоил голем дел од Балканскиот Полуостров (Тесалија, Епир, Албанија, Далмација, Босна, Србија и поголем дел од Бугарија).
Никола Цифкоски – порфесор ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, објаснува дека ваквите историски часови се убава можност учениците непосредно да набљудуваат, проучуваати восприемаат во природни услови и да учат за Самоил слушајќи за него во оригиналната просторна димензија.

„Да се надеваме дека младите ќе ги запознаеме подобро за животот на Цар Самоил, часот во природа секако ќе помогне во осознавањето со неговото дело. Секако тој во зенитот на неговоата моќ бил еден од најзначајните владетели не само на Балканот туку и на целиот континент. Секако се обидуваме часот да биде поинтересен и да не е како што било порано само фронтална настава, сега имаме начини и со помош на интеренет цели професорот по историја Никола Цифкоски.

Цар Самуил починал од срцев удар, на 6 октомври 1014 година, два месеци после Беласичката битка, која се случија на 29 јули 1014 година и во која војската на Самуил претрпела тежок пораз од страна на византискиот цар Василиј II.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top