Голема комунална акција на ЈП „Охридски Комуналец“

По налог на комуналната инспекција во текот на вчерашниот ден екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец” чистеа на ул. “Марко Цепенков” во близина на градската болница и под бараките во близина на игралиштето.

 |   | 

Ангажирани беа 8 работници, а беа подигнати околу 15м/3 отпад. Денес беа ангажирани 10 работници на расчистување на потегот од с. “Косел” до “Прентов мост”, каде што беа подигнати околу 60 вреќи на смет.

Покрај тековните активности, екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец”, беа вонредно ангажирани на делот кај “Горица 3” и блиската парк шума, каде што беа расчистени големи количини на комунален отпад. Ангажирани беа 10 работници и беа собрани околу 30тина вреќи на отпад.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top